Митева: Дистанцирањето на Пендаровски од народот зборува повеќе од кој било говор
За прв пат годинава на прославата за Илинден, на Мечкин камен во Крушево, претседателот на државата нема да има свое обраќање. Смета дека на народот му е доста од разединување, но вели „Сакам да ја деескалирам вообичаената атмосфера на Мечкин Камен, која често е проследена со навреди кои повеќе разединуваат отколку што обединуваат“.
Не, оваа вообичаена атмосфера се случува последниве неколку години и многу добро знаете зошто е тоа така. Илинден се славеше гордо, достоинствено, со многу народ и со љубов. Вашето дистанцирање од народот многу повеќе зборува од било кој говор.
Илинден – големиот македонски национален празник, кој се одбележува на 2 август има посебно значење за историјата на македонскиот народ. Илинденското востание означувало нова фаза од развојот на македонското национално и ослободително движење.
Овој 2 Август, на овој Ден на републиката, на денот кој не испирира и обединува претседателот на државата нема да одржи говор на манифестацијата. После 30 годишна традиција ќе гледаме нов концепт. Наместо да започне претпладне, ќе започне попладне, наместо говор кој ќе биде составен од минатото, сегашноста и иднината ќе имаме молк, ќе се читаат пораки и нема да се слушне визија за Република Македонија.
Со достоиенствено прославување на двата Илиндена, 1903 и Првото заседание на АСНОМ, ја прославуваме и љубовта кон татковината. На овој празник треба да се поклонуваме на славното дело на револуцијата и на поставувањето на темелите на современата македонска држава.
Почитувани граѓани, идеалите на двата Илиндена се сеуште живи, ќе го славиме Илинден достоинствено, согласно македонската традиција! ВМРО-ДПМНЕ ќе обединува со говор и со дела, изјави Митева.
Прес-конференција на Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Израелската армија уби бебе во Западен Брег
-

САД со дополнителни 38 милиони долари за борбата против епидемијата со ебола
-

Песков за односите Русија – САД: За танго потребни се двајца
-

Силјановска Давкова: Шест децении сцената на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е простор на највисоки дострели на македонската театарска уметност
-

Руската противвоздушна одбрана пресретна 86 дронови над Санкт Петербург
-

ИРГЦ нападна американски воени бази во Блиски Исток
-

Над 14 500 кандидати за полагање на матурата, денеска изборен екстерен испит - странски јазик, математика или историја
-

Прекугранична велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа
