Живот
23. December 2015 - 20:22

Мистериозен црв - Може да убие човек без да му се приближи

Монголскиот црв им е познат на номадите во Монголија, кои веруваат дека живее на јужниот дел од пустината Гоби. Се вели дека е црвен, понекогаш со дамки, а понекогаш и боцкави израстоци на двата краја. Тој е дебел и е долг измеѓу 60 и 150 сантиметри.
 
- Никој досега го нема видео ова суштество, но цврсто веруваат во неговото постоење и го опишуваат во детали, - објаснува Рој Чепмен.
 
Овој неверојатен „ѕвер“ за прв пат се појавува во книгата „На патеката на античкиот човек“ на професорот Рој Чемпер во 1926 година, иако самиот тој не е убедн во приказната на монголските жители.
 
- Црв во облик на колбас долг повеќе од 50 сантиметри, дебел како човечка рака, наликува на црево од добиток. Тешко е да се каже што е глава а што опашка, затоа што нема ниту очи, нос или уста, - објаснува чешкиот истражувач Иван Макерле.
 
Исто така, се наведува дека има темно црвена боја и чудно се движи. Живее изолиран во песочни и топли долини во пустината Гоби.
Може да се види само во текот на најжешките месеци од годината, јуни, јули, бидејќи подоцна се крие во песок.
 
Овој црв е опасен бидејќи може да убие човек или животно од растојание од неколку метри.
 
Ова суштество наводно прска супстанца како киселина, која веднаш носи смрт. Дури и премиерот на Монголија изјавил дека го видел ова суштество.
 
Се верува дека допир на било кој дел од телото носи моментална смрт, а неговиот отров предизвикувал и рѓосување на метал.