МИОА пред предвидениот рок ги реализира одредбите за унапредување на администрацијата
Министерството за информатичко општество и администрација повторно пред истекот на законски предвидениот рок е подготвено за реализација на новововедените законски одредби кои се однесуваат на раководните административни службеници и тоа во насока на унапредување на нивните вештини и раководни компетенции.
Со новите законски решенија почнувајќи од февруари 2017 година е пропишан услов за кандидатите за раководни позиции во администрацијата да поседуваат специфични менаџерски вештини, и тоа преку посетување циклус обуки и тоа полагање стручен испит за административно управување.
Ова денеска на прес-конференција го истакна министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, која рече дека административното управување е концепт кој првпат се воведува во јавната администрација во Република Македонија.
Посочи дека има за цел да обезбеди дека нововработените раководни службеници уште пред да стапат на раководна позиција се остручени за управување со проекти и проектно работење и тоа Swot, Pestle и Cost benefit анализи, формулација, имплементација, мониторинг и евалуација на проекти, управување со јавни финансии кое опфаќа познавања од областа на управување со буџетите, сметководството, финансиските извештаи, јавните набавки, државната ревизија, користење и располагање со стварите во државна сопственост, како и јавната внатрешна финансиска контрола и управување со вработените и нивниот учинок, особено работната етика, односот кон стручното усовршување, грижата за личниот углед и угледот на институциите, начинот на комуникација со колегите и странките...
- За унапредување на менаџерските капацитети подготвени се 11 обуки, преку LMS системот, изготвени се прирачници кои ќе бидат електронски достапни на веб страната на Министерството, а подготвена е и база на прашања и студии на случај за полагање на испитот, рече Арсовска Томовска.
Според неа, ваквиот систематски пристап кон развојот на менаџерските вештини, во голема мера ќе придонесат за ефикасноста и успешноста на самите институции, во однос на реализацијата на нивните програмски цели, мотивацијата на вработените да обезбедуваат високо професионални и навремени јавни услуги за граѓаните и компаниите, како и домаќинското трошење на јавните пари.
Таа изрази надеж дека и оваа реформска активност, на долг рок ќе се покаже како поеднакво успешна како и оние кои досега успеавме да ги изреализираме, а кои веќе ги даваат првите резултати.
- Процесот на реформата на јавната администрација е континуиран и оттука ги повикуваме сите заинтересирани страни, вклучително вработените во јавниот сектор, граѓанскиот сектор, бизнис заедницата, како и сте граѓани, да дадат свој конструктивен придонес кон оваа определба која е од суштинско значење за нашето општество и идниот економски развој на државата, додаде Арсовска Томовска.
Ново на Сител
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс
-
Приведено едно лице од Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра