Миноски: Намален ДДВ и субвенции за стимулирање еколошко затоплување со пелети

Иднината на греењето во Македонија е во искористувањето енергенси што не ја загадуваат околината. Токму еколошкиот аспект, односно намалувањето на проблемот со загадувањето во повеќе градови беше причината на мерките што ги спроведуваме и се во насока на стимулација на производи што придонесуваат за зголемување на еколошката свест и зголемено користење на еколошко чисти енергенси како што се пелетите.
Тоа го истакна министерот за финансии Кирил Миноски, кој денеска беше во посета на компанијата „Екошпар“ што произведува котли за греење на пелети, а која поголемиот дел од своите финални производи ги пласира на пазарите во странство.
- Намалувањето на стапката од 18 на пет отсто на ДДВ за пелети и печки на тој енергенс придонесува за зголемување на потрошувачката на тие два производа и е во насока на исполување на целите што сме ги зацртале како Влада, рече Миноски.
Покрај даночните олеснувања, тој ги посочи и мерките за субвенционирање на печки на пелети.
- Покрај намалувањето на загадувањето, печките на пелети имаат повисок степен на искористеност на ослободената енергија. Сметаме дека со овие мерки и со стимулациите во „Македонски шуми“ во насока на изградба на погони за преработка на дел од отпадот во пелети, ќе го заокружиме овој систем што ќе стимулира затоплување со пелети, рече Миноски.
Директорот на „Екопшар“ Јован Јовановски истакна дека намалувањето на ДДВ-то за нивните производи ја стимулира продажбата на нивните котли во Република Македонија, истовремено изразувајќи очекување дека воведувањето на субвенциите дополнително ќе ја зголеми побарувачката на пазарот за котли за загревање на пелети.
Мерките што ги планира Владата за стимулација на користењето на котли на пелети за греење во домаќинствата предвидува државата да учествува со 50 отсто од малопродажната цена на таквите еколошки котли за затоплување.
Ново на Сител
-

Во Женева заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина
-

Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција
-

Зеленски: Досега од Русија се вратени 2.000 украински деца
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
