Бизнис
27. August 2016 - 16:08

Миноски: 22 милиони евра од Владата за компаниите преку данок на добивка

државата ги остави на фирмите преку мерката за ослободување од плаќање на данок на добивка. Во интервју за порталот курир, министерот за финансии објаснува дека неоданочувањето на реинветсираната добивка е една од мерките чија крајна цел е подобрување на животниот стандард на населението.

“Значи компаниите платиле помалку 22 милиони евра даноци. Со тоа се создале услови овие средства да ги инвестираат за унапредување на деловните процеси за воведување нови технологии, подобрување на вештините на нивните вработени, а сето тоа во крајна линија придонесува за креирање на нова вредност на ниво на компаниите. И повторно значи дополнителни приходи за државата преку поголемиот број на даноци коишто ги плаќаат квантитативно во државниот буџет“, вели Миноски за Курир.

Политиката на ниски даноци продолжува затоа што главната цел на Владата е приватниот сектор да располага со повеќе пари за да може дополнително да инвестира, да го зголемува опроизводствто и да креира нови работни места.

„Главниот приоритет на политиките на оваа Влада е креирање на работни места, намалување на невработеноста. Доколку се следат историските податоци што се јавно достапни, ќе видиме дека на тој план е постигнато многу, направено е многу како резултат на отворање на нови работни места кај странските директни инвеститори, така и преку поттикнувањето на вработувањето со активните мерки на пазарот на трудот“, вели Миновски. 

Стратешка цел на Владата е во моментов најниската стапка на невработеност од 24,5% за две години да падне на 22%.