Министрите за одбрана на Македонија, Италија, Албанија и Бугарија потпишаа Писмо на намери за воспоставување на хармонизиран коридор за воена мобилност за потребите на НАТО
Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со колегите од Италија, Албанија и Бугарија, Гуидо Кросето, Нико Пелеши и Атанас Запријанов, вчера на маргините на Самитот на НАТО во Вашингтон потпишаа Писмо на намери за воспоставување на хармонизиран коридор за воена мобилност во рамките на Паневропскиот Коридор VIII, за потребите на Алијансата.
Ова, како што соопштуваат од МО, е првиот меѓународен документ потпишан од страна на новата Влада.
Целта на оваа иницијатива е да се овозможи побрз проток на воените сили и опрема на Алијансата преку поедноставување на националните процедурите за граничен премин, особено во услови на криза.
Со потпишувањето на Писмото за намери се преземаат чекори кои значително ќе ја зголемат ефикасноста на воената логистика и операции, во случај на потреба. Исто така, проектот ќе придонесе за унапредување на координацијата меѓу земјите потписнички, како и инфраструктурата долж Коридорот, а со што ќе се овозможи и полесен пристап кон армискиот полигон Криволак.
Коридорот ќе се протега од Италија, преку Албанија и Македонија, до Бугарија, со можност за проширување.
Оваа иницијатива е практичен придонес кон напорите на Алијансата за зајакнување на одвраќањето и одбраната на целата територија, придонес за зајакнување на воената мобилност во Европа, како и кон зајакнувањето на соработката меѓу НАТО и ЕУ, се вели во соопштението од МО.
Ново на Сител
-
Рекорден ден со пожари - 54, вечерва активни 19, загрозени неколку села
-
Пожар во новиот мол во Битола
-
Малолетници силувале девојче во катна гаража во Центар, го снимиле чинот
-
Силна експлозија во Бејрут
-
Екофлуид - yправување со масла и отпадни масла | Бесник Адеми | Бизнис приказни | Sitel Podcast 055
-
Пожарот над Пехчево се доближува до куќите | ВИДЕО
-
Пожар во близина на селото Црвени Брегови
-
Строиманци: Хеликоптер гаснел пожар околу куќа во која биле заглавени 7 лица