Министерството за транспорт и врски заштедило 47 отсто електрична енергија споредено со истиот период минатата година
– Согласно препораките од Владата, Министерството за транспорт и врски спроведе мерки ненарушувајќи го процесот на работа и заштеди 47 отсто електрична енергија во октомври 2022 година, споредбено со истиот месец минатата година.
Во овие времиња кога сите ги чувствуваат последиците од светската енергетска криза и недостатокот на енергенси, со навремени мерки и почитување на препораките, овозможуваме безбедно и непречено снабдување со електрична енергија, соопштија од Министерството.
Ова е само уште еден доказ дека мерките носат резултати. Секој може да даде придонес кон стабилноста во снабдувањето со електрична енергија и тоа директно зависи и од нашето поединечно однесување. Енергетската ефикасност, односно рационалното користење на ресурсите ќе овозможи намалување на сметките, зголемување на конкуренцијта на претпријатијата, но и до огромни заштеди на државниот буџет. Секоја заштеда, колку и таа да изнесува, е од голема важност. Доаѓаат постудени месеци и заради тоа мораме да внимаваме и да ги следиме препораките за штедење, информираат од Министерството.
Посочуваат дека значајна улога во оваа нивна остварена заштеда имаат нивните вработени кои континуирано и совесно ги почитувале препорачаните мерки.
Рационалното користење на електричната енергија преку воведените мерки што се покажаа како соодветни за нашата институција ќе продолжат да се применуваат и во наредните месеци. Сите заедно, солидарно и рационално треба да ги користиме ресурсите со кои располагаме. Се залагаме за стабилен енергетски систем, бидејќи тоа е потреба на сите нас. Посветено и со максимална ангажираност заедно ќе ги пребродиме и овие предизвици кои се исправени пред нас, потенцираат од Министерството за транспорт и врски.
Ново на Сител
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност