Министерот без ресор Самка Ибраимовски се сретна со жители на Кочани
Министерот без ресор задолжен за имплементација на Ромите во Македонија Самка Ибраимовски денеска оствари средба со жителите од ромската националност на Кочани како и со претставници на здруженија на граѓани и невладини организации.
- Денеска сум овде заедно со Вас да ви ја изложам програмата на мојот кабинет и на Владата за решавање на статусот на ромската националност, како и подобрување на условите за живеење, школување, образование и воспитување. Во програмата за оваа и наредната 2018 година значајно место им се дава на Ромите, пред се во решавањето на прашањата за домување, образование и социјала, истакна Ибраимовски.
Жалам, продолжи тој, што во многу општини од државата, меѓу кои и во Кочани нема никакви акциони планови на локално ниво со кои ќе се подобри статусот на ромската заедница. Тому затоа, рече Ибраимовски, ветувам дека ќе дојдат подобри денови за ромската заедница во Македонија, во споредба со годините што поминаа.
На средбата жителите од ромска националност ги искажаа проблемите со кои се среќаваат секојдневно, а се однесуваат во делот на вработувањето, решаввањето на комуналните проблеми, како и проблемите со образованието и социјалата.
Следната сердба со граѓани министерот без ресор Самка Ибраимовски ја најави наредната недела во Прилеп и Битола.
Ново на Сител
-
Осми ден од блокадата на објекти на РТС
-
Харвард ја тужи администрацијата на Трамп заради замрзнатите средства за универзитетот
-
„Влен“ неделава треба да се трансформира во партија
-
Синдикатот на културата ќе одржи протестен совет пред Министерството за култура
-
НБА именува тројца кандидати за МВП
-
Сабаленка за поразот од Остапенко: По ова финале ќе нарачам Порше
-
Конте може да го напушти Наполи: Ми треба почит, не можам да живеам со надеж за чуда
-
Варди за испаѓањето на Лестер од Премиер лигата: Тоа е целосна срамота