Министерот Адеми се сретна со холандскиот амбасадор Пломп

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп.
На оваа прва средба, министерот Адеми му го честиташе именувањето на Пломп за амбасадор на нашата земја, истакнувајќи дека добрата соработка во областа на образованието и науката ќе продолжи и во иднина, соопшти МОН.
Министерот Адеми и амбасадорот Пломп позитивно ја оценија досегашната соработка меѓу двете земји во областа на образованието и науката, истакнувајќи ја пред се соработката во областа на високото образование, при што се оцени дека договорите кои ги имаат нашите универзитети со холандските дадоа позитивен ефект, но исто така има и можност нашите студенти да студираат во Холандија.
Адеми го информираше амбасадорот Пломп и за активностите и проектите кои се реализираат во Министерството за образование и наука, за приоритетите во програмата на Министерството, за спроведувањето на Стратегијата за интегрирано образование, реформите во Педагошкиот факултет и модернизацијата на средното стручно образование.
Амбасадорот Пломп позитивно го оцени ангажирањето на министерот за зголемување на квалитетот во образованието, исто така потенцираше дека преку образованието полесно може да се пристапи до европските вредности но и да се подготват младите генерации за процесите на интеграција.
Тој се интересираше и за спроведувањето на проектот „Градиме мостови“ кој има за цел приближување на учениците од различна етничка припадност и меѓусебно познавање со што ќе влијае за отстранување на бариерите и стереотипите меѓу младите. Кралството Холандија ќе продолжи да го поддржува Министертвото за образование и наука во спроведување на приоритетите кои имаат за цел интегрирањето на младите генерации во општеството, нивното знаење и потготвување на идните граѓани на обединета Европа, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Роналдо инвестираше 10 милиони евра во создавање нов бренд за минерална вода
-

Лекорну за протестите: Франција нема да дозволи да биде заплашена преку насилство
-

Протестите во Париз, Лион и Стразбур ескалираа во судири со полицијата, уапсени 166 лица
-

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време - и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор
-

Утре сончево со умерена облачност
-

871 прекршок за електрични тротинети во септември, најчесто возење без кацига
-

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласале 85 болни и немоќни лица
-

На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
