Министерката Шекеринска во прва официјална посета на Република Португалија
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ја започна дводневната официјална посета на Португалската Република. Посетата се реализира на покана на министерот за одбрана, Жао Гомеш Кравињу и е прва официјална посета на наш министер за одбрана.
Како што соопшти Министерството за одбрана, во рамки на посетата, министерката Шекеринска ќе има средба со домаќинот, португалскиот министер, како и со началникот на Генералштабот на Португалските вооружени сили.
Делегацијата од Министерството за одбрана и од Армијата, предводена од Шекеринска, ќе ја посети Командата за здружени операции која е оперативно седиште за португалски мисии во странство – НАТО, ОН и ЕУ мисии, како и училиштето за централизирана обука за странски мисии, пешадија, механизирани единици и артилерија на Португалските вооружени сили.
Воедно во рамки на посетата делегацијата ќе има разговори и во НАТО академијата за комуникации и информации во Лисабон.
Посетата на Португалија, велат од МО, е прв чекор во воспоставувањето на билатерална соработка во одбраната меѓу двете земји. Министерството за одбрана на Македонија веќе иницираше потпишување на Договор за билатерална одбранбена соработка кој се очекува да биде потпишан во наредниот период.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста