Министерката Шахпаска се вакцинираше против Ковид-19
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска ја прими вакцината против Ковид-19. Таа во изјава за медиумите посочи дека граѓанска должност е сите да пристапиме кон процесот на вакцинација, за што побрзо да излеземе од пандемијата и се вратиме на нашите секојдневни обврски.
-Штотуку ја примив првата вакцина против Ковид-19. Доколку голем број на граѓани, доколку сите ние се вакцинираме, тогаш и колективниот имунитет ќе биде поголем, изјави Шахпаска.
Таа посочи дека сите вакцини се проверени и квалитетни, и ги повика граѓаните да се вакцинираат.
-Многу е значајно за што поскоро да излеземе од пандемијата со Ковид-19 и да се вратиме на нашите секојдневни обврски, да продолжат нашите животи со еден нормален тек, со едно нормално секојдневие кое што беше типично пред почетокот од пандемијата, рече министерката.
Таа очекува до почетокот на лето да бидат вакцинирани повеќе граѓани, и да стекнеме колективен имунитет.
-Ме радува фактот што голем број од граѓаните веќе се пријавиле за вакцинација, и ние како Влада со динамиката со која се одвива процесот на вакцинирање очекуваме дека до почетокот на лето што поголем број на граѓани ќе бидат вакцинирани, и на тој начин ќе се стекнува колективниот имунитет, рече Шахпаска.
Во одговор на новинарско прашање министерката рече дека поединечното вакцинирање на дневно ниво е да се испрати порака дека вакцинирањето е многу значајно за иднивидуалниот и специфичен имунитет кој секој граѓанин ќе го стекне.
-Вакцинирањето на возрасните граѓани оди преку матичните лекари кои што ги пријавуваат своите возрасни пациенти и на утринскиот состанок мислам дека бројката која министерот за здравство ја кажуваше е дека околу 30 проценти од повозрасните граѓани се вакцинирани, рече Шахпаска.
Таа додаде дека доколку некој од граѓаните има инфекција после вакцинирање, таа инфекција ќе биде со поблаги симптоми, нема да има компликации и процентот на хоспитализирани граѓани би бил помал.
-Министерството за здравство има веќе една кампања која што тече на Националниот редиодифузен сервис и како апел ние сите на дневно ниво во нашите контакти и средби со граѓаните апелираме дека вакцинацијата е неопходна, тоа го покажува и искуството во другите земји, додаде министерката Шахпаска.
Ново на Сител
-
Пад на индустриското производство од 7,9% во септември
-
Тема на денот со Благој Бочварски, СДСМ
-
Први пратенички прашања за Мицкоски, Филипче му побара оставка
-
Реакции по извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
-
Екс министерката Костадиновска заработи кривична пријава за Универзална
-
Се уште нема никаква одговорност за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце
-
АХВ: Потврден случај на птичји грип кај угината гуска во Злокуќани
-
Побарано да се забрани внес на нови животни во скопската зоолошка