Минимална предност за Шведска против Италија
Иако на „Френдс арената“ температурата беше 5 степени, италијанската фудбалска репрезентација се враќа „смрзната“ во Италија по поразот од 1:0 од Шведска во првиот бараж натпревар за пласман на СП во Русија.
Стравувањата на италијанската јавност дека „Аѕурите“ нема да се пласираат на еден Мундијал првпат од 1958 година на крајот може да се покажат вистинити, откако тимот на Џанпјеро Вентура не успеа да направи нешто поконкретно против стабилниот шведски тим, кој сега патува на реваншот на „Сан Сиро“ во понеделник полн со надеж дека предноста ќе биде доволна да се пласираат на едно СП првпат од 2006 година.
Во првото полувреме двете репрезентации ги „тестираа“ своите сили. Андреа Белоти имаше одлична шанса со глава да постигне гол, додека Ола Тоивонен врати со добар, но непрецизен удар од 20-тина метри, а имаше и уште неколку „нервозни“ моменти во шестнаесетникот на Италија.
Напаѓачот на АЕК Атина, Јакоб Јохансен влезе во игра во 57. минута, и само четири минути подоцна стана шведскиот херој. По изведување на аут во шестнаесетникот на Италија, топката доаѓа од него и тој удира од 20-тина метри. Топката несреќно завршува во Даниеле де Роси, го менува правецот и го „лаже“ Буфон, кој нема шанса да интервенира.
Ново на Сител
-
Ѓорческа елиминирана од првата носителка на турнир во Франција
-
Италијански регулатор бара од кинескиот Дип Сик одговори за користење лични податоци
-
ЛШ: Милан загуби од Динамо и пропушти пласман во Топ 8, прв пораз на Ливерпул
-
Историско полуфинале за Португалија на ракометниот Мундијал 2025
-
На Попова Шапка 0 степени, 10 измерени во Штип, Демир Капија и Гевгелија
-
Во Хрватска нов бојкот на продавниците
-
22-годишна девојка усмртена кај „Силбо“, ја прегазил 20-годишник
-
Без струја утре делови од општина Центар