Минатиот месец во Индонезија регистрирани 23.777 пожари

Во текот на септември на индонезиските острови Суматра и Калимантан биле регистрирани вкупно 23.777 пожари.
Со уште 7.300 пожари регистрирани во август и пожарите од првите седум месеци од годинава, во Индонезија е забележан неславен рекорд од 39.672 пожари, за речиси трипати повеќе од досега регистрираните во која и да е година порано.
Основна причина за огромниот број пожари е желбата со палење на шумите да се добијат чисти плантажи за нови палмини насади, но долготрајната суша и ветровите придонесуваа за ширење на огнот.
Зглемениот број авиони и хеликоптери што учествуваат во гаснењето, како и ангажирањето на повеќе десетици илјади војници и полицајци, засега, беше доволно само да се локализираат пожарите, од кои само помал дел се целосно изгаснати.
Во петокот, на пример, спасителите јавија дека со помош на воздухопловите што носат вода целосно е изгаснат еден од поголемите пожари на Калимантан, но денеска на тоа место пак гори она што останало од прашумата.
Пожарите предизвикаа и облаци чад на големо пространство во регионот. Облаците од чад од 10 септември наваму често ги покриваа и Малезија и Сингапур, а во саботата облаци чад ветровите донесоа и на северозапад од Тајланд.
Смогот, со опасна концентрација по здравјето предизвика нарушувања во секојдневниот живот и над 50.000 медицински интервенции во источниот дел на Индонезија, а поради густиот смог често беа затворани и училиштата и градинките во Малезија и Сингапур.
Ново на Сител
-

Папата Лав Четиринаесетти го ублажува спорот со Трамп, тврди дека наводите за неговите изјави се неточни
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
-

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие
-

Оштетен минибус со охридски навивачи
-

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата
-

Десет лица повредени во верижен судир на пет возила во Ѓорче
-

54-годишник барал 20.000 евра од жена, заканувајќи се со објавување на компромитирачки снимки
-

Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА, Ерен
