Милошоски: Пописот треба и мора да се реализира, но не ваков каков што сака да го направи СДСМ
На денешната седница на Собранието на Република Македонија се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски кој зборуваше за законот за попис, методологијата за донесувањето на истиот, како и моменталната ситуација со Ковид-19 пандемијата која директно влијае врз одржувањето на пописот.
Во однос на донесувањето на законот за попис, Милошоски вели дека истиот не само што се пробува да се донесе на сила, туку и законот каков и да се донесе, не е исто што и неговото реализирање. Според Милошоски, пописот е операција која што не треба да се спроведе за само да и пројде редот, туку да има значење и граѓаните да ги знаат точните информации во однос на населението во државата.
Република Македонија се уште се соочува со пандемијата од Ковид-19 вирусот и тоа е огромна причина да се размисли дали во моментот е потребен попис кој ниту ќе биде релевантен, ниту пак ќе придонесе за прецизирање на одредени податоци. Според Милошоски голем број на земји ги одложиле пописите кои требале да се случат кај нив оваа година, само поради лошите и поразителни бројки на починати и заболени од Ковид-19 вирусот.
"Не е нормално во време кога навистина се бориме со пандемија, да ризикуваме дополнително со животите на граѓаните. Една Германија, Бугарија и уште низа на земји ги одложија пописите кои беа предвидени за оваа година и ги преместија за во 2022 година. Политичарите кај нас доколку размислуваат зрело, треба да ги направат истите чекори и пописот да не биде избрзан и фингиран, а потоа да се чекаат нови 20 години за нов попис", додаде Милошоски.
Милошоски потенцираше дека пописот треба и мора да се реализира, но не сега во овој момент и под вакви услови. Со мало пролонгирање на пописот, ќе се избегнат лоши ситуации во однос на пандемијата и ќе се изработи модеп преку кој пописот ќе го добие своето вистинско значење и неговото реализирање ќе придонесе со нови точни статистички податоци за населението вп државата, заврши Милошоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка