Милошоски: Бесмислено е власта да бара поддршка за закони кои не се стасани во Собранието

Прво би сакал една кратка реплика на колегите од владејачкото мнозинство, навистина е несериозно да се одржи вонредна прес конференција на премиерот Димитар Ковачевски на 28 септември, а до ден денес да ги немаме во Собрание законите кои што тој така итно ги најави.
За разлика од неодговорноста на власта, ние како пратеничка група следниот ден на 29 септември предложивме закон за измени во законот во енергетика преку кои училиштата и јавните претпријатија и болниците би биле на регулираниот пазар и сакаме да се интервенира што побрзо. Но, за жал владејачкото мнозинство, иако законот е само од три члена една недела се уште не замајува дека се преведува предлог законското решение на ВМРО-ДПМНЕ.
Односно одолговлекува затоа што власта не е способна да ги достави до Собрание предлог законите кои што Ковачевски кажа дека се итни, дека ги има, дека бара поддршка, а од нив нема ни трага, ни глас во собраниските архиви. И затоа е бесмислено да се говори за поддршка на закони кои што не постојат и не се доставени во Собранието. По однос на законот за заем кај ЕБОР, ние неколку пати сме кажале како опозиција дека се сомневаме во трошењата на средствата кои што Владата го прави од вакви заеми и од самиот буџет.
И видовме дека и одредени медиуми кои што работеа на истражувачко новинарство утврдија дека за време на кризата со пандемија и енергетската криза многу средства биле и злоупотребени за купување на одредени работи кои што немаат допирна точка со здравствената или енергетската криза. И 25 милиони евра од овој закон за заем пред ЕБОР се предвидени за дополнителни плати и вработувања кои што власта недомаќински ги прави во ЕЛЕМ-ЕСМ.
И сметаме дека во ваква криза кога секој стопанственик особено тие кои што се со помалку вработени се бори за зачувување на едно, две или пет работни места, трошењето на четвртина од овој заем за дополнителни нови вработувања е непродуктивно.
И цениме дека не можеме да дадеме поддршка на такви законски решенија, особено не во услови кога според Светската Банка, Македонија за жал е најлошо рангирана во прогнозата за раст на БДП, освен земјите кои што се директно вклучени во војна, како што се Русија, Украина или Белорусија. Македонија во регионот е лидер по најниската прогноза за економски раст од само 2,1 процент и до крајот на оваа година што можеби ќе стане и по лоша бројка со текот на времето.
https://
Ново на Сител
-

Мицкоски од плоштадот Македонија во Скопје: Заедно со нашиот народ да ја дочекаме Новата година!
-

Женско е првото родено бебе во 2026
-

Орбан: Можен договор меѓу САД и Русија без Европа би можел да ја промени геополитичката слика
-

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника
-

Ердоган: Турција нема да толерира провокации и поморски закани во Источен Медитеран
-

Си Џинпинг во новогодишната порака го пофали напредокот на Кина и навести потенцијално присоединување на Тајван
-

Путин уверен во победата во Украина во својата новогодишна порака
-

Андоновски: Во 2025-та испорачавме, а во 2026-та ја забрзуваме дигиталната траснформација на Македонија
