-->
-->
Милнер го продолжи договорот со Ливерпул
-->
Играчот за врска Џејмс Милнер договори продолжување на соработката со Ливерпул за уште една сезона, јавија денеска британските медиуми, додавајќи оти 36-годишниот фудбалер се согласил на значително намалување на платата за да остане на „Енфилд Роуд“.
Според истите извори, Милнер одбил две финансиски подобри понуди од премиерлигашки клубови и една од клуб од американската МЛС лига.
Милнер имаше активен договор до 30 јуни по што можеше да замине во друг клуб без обесштетување, но тренерот Јирген Клоп во разговор со него и клупското раководство истакнал дека Милнер е клучен за успесите на Ливерпул.
Милнер дебитираше во Премиер лигата во 2002 година во дресот на Лидс на 16-годипна возраст, а за Ливерпул настапува од 2015 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Археолошко богатство старо 2.300 години кај Младо Нагоричане сведочи за развиеното македонско кралство
-

Најчесто користени пин-кодови кои се цел на хакерите
-

УХМР: Нестабилно време до петок, локално можно невреме со град
-

Претседателката Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Индија, Друпади Мурму
-

Британските премиери се менуваат, само мачорот Лери останува
-

Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани
-

Во Гостивар во изминатото деноноќие прегледани вкупно 198 пациенти, нема промени во клиничката слика
-

МВР демантира етничка провокација во случајот со сообраќајката на патот Скопје-Блаце
