-->
-->
Милевски: Да одиграме во Полска како во квалификациите
-->
Селекторот на репрезентацијата на Македонија Благоја Милевски даде кратко интервју за медиумите присутни на извлекувањето во Краков за групната фаза од Европското првенство во Полска 2017 година. Македонија е во Б групата заедно со репрезентациите на Португалија, Шпанија и Србија.
Кое е вашето мислење веднаш по ждребот?
Сметам дека е многу силна група, но знаеме дека на ова натпреварување нема лоши тимови. Ние сме со Шпанија, Португалија и Србија, првите две репрезентации веќе имаат освоено Европска титула, а оваа генерација на Србија го освои Светскиот куп. Мислам дека сме во можеби најсилната група со многу добри репрезентации, но јас мислам дека ние имаме квалитет за да се надигруваме со сите. Се надевам дека ќе играме исто толку добро како и во квалификациите.
Што значи за Македонија да бидете дел од вакво првенство бидејќи вие сте првиот национален тим од Македонија кој се квалификувал на големо натпреварување. Дали тоа создава дополнителен притисок врз вас или како се чувствувате поради тоа?
Најпрвин би сакал уште еднаш да им се заблагодарам на сите во тимот и да им посакам здравје и нови убави моменти. Мислам дека нашиот сон се оствари, но сонот сеуште трае. Сигурен сум дека во Полска ќе играме добар фудбал и ќе ја промовираме нашата земја на најдобриот можен начин.
Што мислите дека би можело да биде успех за Македонија на Европското првенство?
Нашата цел е да покажеме дека знаеме да играме фудбал и дека имаме квалитет и потенцијал. Убеден сум дека ќе бидеме предизвик за сите на првенството. Ќе играме добар фудбал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: Близу сме до договор за крај на војната во Газа и ослободување на заложниците
-
Успешна спасувачка мисија на Водно, две лица безбедно пронајдени и евакуирани
-
Најмалку 10 лица загинаа, а над 430.000 жители на Филипини се евакуирани поради тајфунот Буалој
-
Масовен протест во ОН: Околу сто делегати ја напуштија салата на почетокот на говорот на Нетанјаху
-
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ
-
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава
-
Исчезнат полски државјанин на Водно, активирани тимови за потрага и спасување
-
Алиу: Немам информација дека овошјето и зеленчукот од Трубарево не треба да се јадат