Милчо Манчевски предава и снима во Куба
Режисерот Милчо Манчевски е ангажиран за професор на Државната филмска академија во Хавана, Куба. Манчевски во текот на јануари ќе им предава на постдипломците по филмска режија, меѓународна група студенти од целиот свет. Тој е професор и супервизор на студентските филмови на постдипломците. Истовремено, Манчевски во Куба ќе сними и краток филм.
Како што информира С-прес, во чест на македонскиот режисер ќе има и проекција на неговиот филм „Пред дождот“, а авторот ќе биде присутен да одговара на прашања од публиката.
- Делата на Манчевски се многу познати во Куба, а во библиотеката на Акаемијата ги има сите негови филмови па дури и книгата фотографии „Пет капки сон“. Кубанците за Манчевски разбрале уште 1995 година, кога „Пред дождот“ беше меѓу петте номинирани за Оскар за најдобар странски филм заедно со кубанскиот „Јагоди и чоколадо“ на славниот кубански режисер Томас Гутиерез Алеа, наведува С-прес.
Манчевски досега предавал на бројни универзитети, фестивали и кинотеки во светот. Ја води катедрата за режија на постдипломски студии на Универзитетот на Њујорк, прогласен е за почесен доктор на науки на државниот Филмски универзитет ВГИК во Москва каде и предаваше, а предавал и на најголемата филмска школа во Германија на Универзитетот Бабелсберг Конрад Вулф, како и на универзитетите Кембриџ, Оксфорд, Јеил, Харвард, Браун, Чикаго, Билефелд, Лондон, Токио...
Ново на Сител
-
Партиите и коалициите продолжуваат со промоција на своите политички понуди на терен
-
125 санкционирани возачи во Скопје
-
Најмалку тројца полицајци убиени во престрелка во Северна Каролина
-
На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Повторно еруптира вулканот Маунт Руанг во Индонезија, наредена евакуација
-
САД ја отфрлија можноста Меѓународниот кривичен суд да го истражува Израел
-
Сообраќајот умерен, застои нема
-
Сончево и топло, до 27 степени