-->
-->
Милановиќ: Хрватска има ограничен капацитет да прима бегалци
-->

Хрватска има ограничен капацитет да прима бегалци, предупреди премиерот Зоран Милановиќ.
- Ние сме конструктивни и соработуваме, но постојано напомнуваме дека капацитетите да прифаќаме и регистрираме мигранти се ограничени, изјави Милановиќ на седница на хрватската Влада.
Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ од своја страна изјави дека полицијата има целосна контрола над хрватската граница, но Хрватска треба да помисли за сосема друго однесување, ако бегалците продолжуваат да пристигнуваат во големи бранови.
Според податоците на хрватскиот Црвен крст, во последните 24 часа во Хрватска од Србија влегле околу 5.400 бегалци и во наредните денови се очекува да пристигнат уште околу 4.000, јави Хрватската телевизија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
