Милан Радоичиќ призна дека во целост ја организирал акцијата во Бањска
Милан Радоичиќ, призна дека ја организирал и спровел акцијата во селото Бањска која се случи минатиот викенд. Во изјава која ја прочита неговиот адвокат, Радоичиќ тврди дека целта на акцијата била охрабрување на српскиот народ на Косово да му пружи отпор на теророт на режимот на Курти. Во конфликтот загинаа тројца Срби и еден косовски полиаец. Во писмото, Радоичиќ ја информираше јавноста и дека се повлекува од функцијата потпретседател во партијата Српска листа.
- Ги известувам сите дежурни прогонители на српскиот народ, од Курти па се до неговите многубројни странски поддржувачи, дека лично ги направив сите логистички подготовки за одбрана на нашиот народ од окупаторот, а овој мој чин немаше никаков друг карактер, или намера. За ова не известил никого од владините структури на Република Србија, ниту од локалните политички структури од северот на Косово и Метохија. Смртта на полицаецот се случи случајно, по што започна жесток судир на двете страни. Нека им биде јасно на сите дека ние не сме терористи, туку борци за слободата на сопствениот народ - адвокат Горан Петронијевиќ.
Признанието на Радоичиќ доаѓа откако во средата косовските власти објавија докази дека учестувал во, како го нарекуваат, терористичкиот напад во Бањска. Косовската полиција утрово изврши претрес на пет локации на северот на Косово во врска со вооружениот напад во Бањска. На удар биле болницата во северниот дел на косовска Митровица, објекти во непосредна близина на болницата, а во Звечан и Зубин поток приватни објекти во сопственост на Милан Радоичиќ.
Претресен бил и дом на лице кое исто така се поврзува со Радоичиќ . Во акцијатa нема уапсени и била споведена во координација со ЕУЛЕКС и КФОР соопшти косовоската полицијата, но други детали не откри. Во меѓувреме, НАТО соопшти дека ќе испрати дополнителни војници во Косово, поради актуелната сиутација. Алијансата ги повика Белград и Приштина да ги смират тензиите и да се вратат на дијалогот.
Шведскиот премиер Улф Кристерсон ја повика војската на помош по порастот на насилствата поврзани со криминалните банди. Само овој месец, 12 луѓе беа убиени во насилствата на бандите, најмногу од декември 2019, вели Кристерсон.
- Се повеќе деца и сосема невини луѓе се зафатени од сериозното насилство. Не можам доволно да нагласам колку е сериозна ситуацијата. Шведска никогаш не видела такво нешто, ниту една друга земја во Европа не доживува вакво нешто. Ќе ги ловиме бандите и ќе ги победиме бандите, порача премиерот на Шведска.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар