Loading Video...
Свет
22. May 2023 - 19:54

Мицотакис убедливо победи на изборите во Грција

На парламентарните  избори во Грција убедливо победи Нова Демократија на актуелниот премиер Кирјакос Мицотакис, додека Сириза на екс-премиерот Алексис Ципрас доживеа неочекуван колапс.

Речиси 41 процент од гласовите освои владејачката партија, пред 20-те на СИРИЗА, односно Нова Демократија освои 146 пратенички мандати, пет помалку од потребниот минимум од 151 пратеник за мнозинство во Парламентот. Сириза има 71 пратеничко место. Со освоен 41 пратеник  Пасок е трет  на вчерашниет избори. 

Во парламентот влегоа и Комунистичката партија на Грција со 26 и Грчко решение со 16 места ,Грчката претседателка Сакеларопулу ќе им даде на Нова демократија, Сириза и ПАСОК - по три дена за да формираат коалициска влада. Мицотакис кој се стреми  кон еднопартиска влада, истакна дека ќе го врати  мандатот и предложи новите избори да се одржат на 25 јуни.

„Сметам дека не постојат предуслови за формирање влада со актуелниот парламент и сакам да нагласам дека доколку вчера важеше изборниот систем што ќе стапи на сила на следните избори, партијата Нова демократија веќе ќе имаше силно парламентарно мнозинство кое би надминало 170 пратенички места. Верувам  дека е моја обврска и јас да придонесам за што поскоро надминување на оваа пречка на проста пропорционална застапеност. Затоа, имам намера да го вратам мандат за да можеме што поскоро да имаме нови избори. Доколку моето предвидување дека формирање влада е невозможно, евентуално на 25 јуни“ изјави Мицотакис.

Грција има нов закон за избори, кој ќе почне да се применува од следното гласање. Според тој закон, победникот може да добие „бонус“ до  50 пратенички места, што би гарантирало победа на Нова демократија.