-->
-->
Мицкоски во посета на општина Битола
-->
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на поставување на камен темелник на изградба на влезот во Општина Битола.
Од владината прес-служба информираат дека станува збор за проект со кој ќе бидат опфатени 1.332 метри за што ќе бидат потрошени над 100 милиони денари. Проектот вклучува реконструкција со доградба на коловоз на дел од улицата „8 Септември“ во Битола, од бензинската пумпа „Лукоил“ до границата на ГУП на Општина Битола.
Според агендата, Мицкоски денеска ќе изврши и увид во градежните активности за изградба на Противпожарната зграда, проект што беше најавен дека ќе започне со реализација во јануари, а исто така ќе присуствува и на пуштање во употреба на спортски игралишта во OУ „Елпида Караманди“ во Битола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
-

СПМ: Институциите да постапуваат без селективност
-

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
-

Иран ја предупреди Велика Британија: Вашиот потег ќе влезе во историјата
-

Времен режим на сообраќај во недела во скопски Аеродром поради атлетска трка
-

Цените на нафтата се намалија
-

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба и да вложуваме во заедничка иднина
