Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе направи што и да треба за добавување на вакцини против КОВИД-19

По денешната посета на пазарџиите на Зелен пазар и по изјавата за медиуми, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беше прашан кој е неговиот став во однос на задоцнетото пристигање на вакцини против КОВИД-19.
„Повторно треба да се вратиме на прво прашање кое што ми беше поставено, дај Боже денеска да имаме ние вакцини. Еве, јас поддржувам и идната недела да имаме вакцини и ќе поддржам било кога само нека ги донесат тие вакцини. Нека почне оној кој што сака да се вакцинира, да се вакцинира. Се срамам, што сме последни, што сите држави во Европа буквално почнаа. Што еден Авганистан има половина милион дози добиено, а ние како држава уште коленичиме, се молиме на лево, на десно, да добиеме 10,20,50.000 или 2.000 дози“, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека го охрабрува министерот за здравство, и воедно целата власт да излезат и јавно да ја кажат вистината на јавноста, кога конечно ќе пристигнат вакцините против КОВИД-19 во државата.
„Што треба ние како ВМРО-ДПМНЕ, како опозиција да направиме, ќе направиме, да им помогнеме во таа намера бидејќи гледаме дека се тотално неспособни. А, за скандалите во здравството, само да дополнам, ќе бидете сведоци во периодот кој што следи, да видете дека на се се фокусирани, само не се фокусирани на обезбедување на вакцини и борба против оваа пандемија која што за жал не задеси“, нагласи Мицкоски.
Ново на Сител
-

Пет нови членки се приклучуваат на Советот за безбедност на ОН
-

Градоначалникот Јанков во новогодишната ноќ ги посети дежурните служби
-

Италијанско МНР: Најмалку 40 загинати и 100 повредени во експлозијата во познатиот швајцарски ски-центар
-

Приведени пијани возачи од Велес и Тетово, возач од Кочани возел во спротивна насока на кружен тек
-

Спокојна и весела новогодишна ноќ во Охрид
-

Францускиот премиер ќе ги укине доживотните привилегии за поранешните премиери и министри за внатрешни работи
-

Експлозија одзеде најмалку 10 животи во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана
-

Женско првото бебе годинава во Кавадарци
