Македонија
3. September 2024 - 16:32

Мицкоски: Тендер за 3 мобилен оператор ќе има

Тендер за трет мобилен оператор ќе има. Времето на договори во 4 очи заврши, вели премиерот Мицкоски, откако вчера  Владата потпиша Меморандум за соработка со  4Ај Џи.  Меморандумот е необврзувачки и само покажува дека унгарскиот оператор покажал интерес за влез на нашиот пазар.  Ако има и други  телекомункициски  компании  кои сакаат да инвестираат,  ќе се потпише и со нив,  вели Мицкоски., затоа што во интерес на граѓаните е да добијат пониски цени и поквалилитетни услуги.

„Сега моментално компаниите коишто се заинтересирани, можеби ќе има и други коишто ќе потпишат ваков меморандум, го анализираат пазарот и периодот којшто следи, наш интерес и интересот на граѓаните, а кој е интересот на граѓаните, поголема конкуренција и пониски цени. Интересот на граѓаните е и наш интерес како Влада“. изјави премиерот Христијан Мицкоски

За неполни два месеци, колку што е на власт, премиерот е задоволен што успеале да го отстранат  сите недостатоци кои се акумулирале изминативе месеци и да најават  нова германска инвестиција, вредна 65  милиони евра. Компанијата ќе произведува литиумски батерии и планира да вработи околу 700 лица.