Мицкоски со честитка за Водици: Радоста, среќата и бериќетот да надвладеат на овој ден и во текот на целата година, Македонија мора да оди напред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати честитка до Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан која ви ја пренесуваме во целсот:
Ваше Блаженство,
Денес, славејќи го Христовото крштевање и нашето духовно раѓање, дозволете ми во мое лично име и во име ВМРО-ДПМНЕ, Вам лично, на Вашето свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во Република Македонија и во дијаспората, да Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление - Водици.
Денешниот христијански празник претставува симбол на духовното раѓање и патот по кој треба да чекорат сите верници христијани. Со празникот Водици се продолжува негувањето на нашите традиции и се потврдува нашата верба и
почитување на традиционалните вредности кои се дел од нашето општество.
Овој голем ден нека биде потсетник на христијанските вредности кои треба да ги почитуваме љубов, хуманост, добрина и проштевање. Нашата конечна цел треба да биде успешна Македонија, држава на среќни и задоволни граѓани, држава која се грижи за своите граѓани и која активно ќе ги решава проблемите на граѓаните. Наместо прогон, потребна е работа и проекти, наместо уназадување и економска стагнација, потребен е раст и напредок. Република Македонија мора да биде почитувана држава.
Радоста, среќата и бериќетот да надвладеат на овој ден и во текот на целата година. Македонија мора да оди напред. Прославувајќи го овој голем празник, да се помолиме на Бога да ги освети нашите реки и езера, да ги благослови нашите граѓани и нашата држава, дарувајќи ни здравје, среќа и благодет.
Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник!
БОГ СЕ ЈАВИ!
НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ!
Ново на Сител
-

Орбан: Унгарија нема да стане украинска колонија, Зеленски не командува тука
-

18-годишник од тетовско најпрво истепал соселанец, а потоа го удрил со автомобил
-

ПМФЛ: Вардар со гол во судиското надополнување ја совлада Брера
-

Сиљановска-Давкова: Можеме и мораме да направиме се што е во наша моќ ваквите трагедии никогаш повеќе да не ни се повторат
-

18-годишен мотоциклист загина во сообраќајна несреќа во Чаир
-

Работник починал по пад од висина во Скопје
-

Македонските институции и македонскиот здравствен систем соодветно се справи со трагедијата во Кочани
-

Томовски: По трагедијата во Кочани, како институции имавме должност да реагираме брзо, одговорно и солидарно
