-->
-->
Мицкоски: СДСМ даваат нови ветувања, но не кажуваат ништо за старите
-->
Отприлика 15-тина имиња имаме веќе дефинирано. Периодот кој што следи до 15 јули планираме уште 15тина, така што некаде до средина на јули месец очекуваме 30тина имиња веќе да бидат дефинирани кои што би биле најсериозни кандидати, за конечно ќе ги објавивме се разбира во септември месец кога ќе биде свикан Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, согласно Статутот и тогаш ќе знаеме поконкретно, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител.
Мицкоски нагласи дека градоначалниците на СДСМ даваат многу ветувања, а уста не отвораат за старите ветувања кои се нереализирани, што според него е чуден начин на водење политика во смисла ајде да ветиме, а ќе заборавиме минатите четири години како сме го лажеле народот.
Она што е важно е дека сите оние 15 споредено со потенцијалните имиња од СДСМ кои што очекуваме да ги слушнеме, се победници, бидејќи се многу поразлични би рекол и луѓе кои што имаа што да понудат споредено со тие од СДСМ. Денеска прочитав еден интересен текст во кој се вели даваат многу ветувања, а уста не отвораат за старите кои што ниту едно не го реализирале, чуден метален склоп и чуден некој начин на водење на политика. Ајде да ветуваме, а ќе заборавиме претходните четири години што сме говореле како невистини и сме го мамеле народот, рече Мицкоски.
На прашањето дали овие 15-тина лица кои што ќе бидат кандидати за градоначалници се стари кадри или нови лица, Мицкоски истакна дека станува збор за комплетно нови лица во тие општини каде што ќе се кандидираат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од Маџари до центарот на Скопје за пет минути: тест-турата ја покажа предноста на градскиот воз
-

ОН: Најмалку 30 жени уапсени во Авганистан поради наводно кршење на правилата за хиџаб
-

Нафтата поевтини по најавите за можен крај на војната меѓу меѓу САД и Иран
-

Алиу: Коцкањето е зависност – превенцијата е најефективна за заштита на младите
-

Во поштенски пратки пронајдена дрога, кривична пријава ќе биде поднесена против едно лице
-

Американски министер: Во САД ќе биде безбедно, но секогаш постои осамен волк
-

Забрана за капење во Пефкохори
-

Андоновски од министерскиот состанок со Европската комисија: „Роаминг како дома“ е реална европска придобивка за граѓаните
