Македонија
24. March 2023 - 16:31

Мицкоски постави услов за Брисел, ќе преговара ако добие мандат на избори

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да го промени ставот за уставните измени се додека тие се под бугарски диктат и покрај дипломатските притисоци со кои се соочува, тврди лидерот на партијата Мицкоски. 

Тој вели дека покрај вчерашната јавна средба со германската министерка  Бербак, постојано имало средби со дипломатски претставници за уставните измени. Вели притисоците биле жестоки, но дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е единствена.

Мицкоски вели дека партијата има целосен план, со политички и економски прашања кој им го става на маса на состаноците со странците и дека е подготвен да разговара со него само после избори, бидејки како што повтори овој пратенички состав нема мандат за да го отвара Уставот.

Од владејачката СДСМ пак, и денеска повторија дека Мицкоски е во коалиција со Левица против зачленувањето во ЕУ.

„Христијан Мицкоски е класичен антиевропски политичар, заложник на Димитар Апасиев и Левица, со кого се наптреваруваат во блокади и кочење на државата. ВМРО-ДПМНЕ досега не поддржа ниту една одлука за зачленување на државата во ЕУ“.