Македонија
2. August 2021 - 16:54

Мицкоски од Ташмаруништа повика на обединување

Срамно е што за прв пат во триесет години независност ја променија прославата за Илинден. На Мечкин Камен нема говор, едно затоа што немаат што да кажат, друго затоа што се плашат од народот кој ќе им каже што мисли за нивното владеење истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од струшко Ташмаруништа по повод денот на Републиката.

(Стево Пендаровски не може да биде точката на обединување, тој е точката на разделување, зошто човекот фати страна и реши да молчи тогаш кога требаше да биде гласен. Кога имаше изборни фалсификати, кога требаше да се спротивстави на лошите закони, кога Заев си договараше промени на сметка на идентитетот. Јас не би бил искрен, и ќе го разочарав народот ако денес бев заедно со нив, и би послужил на таквиот фолклор, а тие вечер си продолжеа со криминалите. Јас одбрав да бидам тука со народот, посочи Мицкоски.)

Мицкоски додаде дека Македонија е европска земја, и нашето место е токму таму, во семејството на Европската Унија, а она што за Заев сега е Европа, и го вика Мини Шенген, тоа само значи дека донел уште еден пораз за државата и не способен да ја исполни нашата најголема стратешка цел, членството во Унијата.

(Париз, Брисел и Берлин, не може да бидат Врање и Драч. Со целиот респект за нашите соседи, но гумата за спасување на Заев која се вика Мини Шенген е само доказ колку државава тапка во место, и колку имаме неуспешна влада. А уште е понепријатно кога ќе го видите премиерот на сопствената земја во друштво на Вучиќ и Рама како се труди да најде барем еден проект во главниот град за да се пофали дека изградил.)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од струшко Ташмаруништа испрати апел  за големо обединување на Македонците и народот кој ќе излезе на избори појаснувајќи дека  обединувањето значи надминување на разликите во опозицијата и најави  нов почеток, кредибилитет и темпо кое ќе реализира се што ветиле.