Мицкоски: Нова градинка во Прилеп за 250 дечиња, градоначалникот ги исполнува ветувањата
Најпрво сакам да го честитам овој ден овде значаен за Прилеп и прилепчани, бидејќи денес е денот на ослободувањето на градот, а воедно да кажам и да изразам задоволство што сум овде присутен би рекол завршување на тоа што беше обврска на општина Прилеп, на овој објект позади мене тоа е детската градинка во населбата Точила како што кажа градоначалникот за повеќе од 250 дечиња во предшколска возраст ќе можат овде да го продолжат своето детство, пред да продолжат во училиштата.
Исклучително значаен проект за Прилеп бидејќи потребата од вакви објекти е секогаш поголема од капацитетите со кои што располага општината и добив информација од градоначалникот дека секогаш околу 300 до 350 дечиња се на листата за сместување во објектите. Со оваа градежна офанзива која што ја направи градоначалникот заедно со администрацијата, со тимот овде во Прилеп се заврши овој објект.
Благодарност и до ЕВН која што практично овозможи да во рекордно брзо време се добие енергетско напојување на самиот објект. Она што исто така сакам да кажам е дека општина Прилеп продолжува да ги реализира проектите, добив информацијата од министерството за транспорт и врски дека влезот практично во општина Прилеп од кај Крушево е веќе во фаза на тендерирање, завршени се обврските на самата општина, обезбеден е сообраќајниот проекти и очекуваме некаде таму во јануари да биде воведен изведувачот на тој проект. Понатаму, исто така можам да изразам големо задоволство дека мапирањето на она кое што кажавме реконструкција и реновирање на улиците овдека во општина Прилеп е веќе завршено, и се подготвува тендерската документација и истата ќе биде според динамиката објавена втората половина на јануари месец со што повеќе од 65 илјади квадратни метри ќе биде реконструирана патна инсталација, односно ќе бидат асфалтирани патни делници овде во Прилеп.
Во завршна фаза е водоводот Пашовски, во завршна фаза е реконструкцијата на плоштадот овде во Прилеп. Продолжуваме со подготовките и општина Прилеп за прв пат ќе влезе во фаза на издавање на општинска обврзница, нешто што ќе биде новитет за да се обезбедат средства за финансирање на други проекти како што е кружниот тек во центарот на градот кај Тинекс, потоа влезот од другата страна од кај Брод, потоа обиколницата Сивец итн.
И она што за мене е многу значајно во преговорите со владата успеавме да издејствуваме водоводните претпријатија и оние кои што стопанисуваат со пречистителните станици со канализациите во општините добијат повластена цена на струјата на електричната енергија. Тоа важи овде во општина Прилеп и можам да најавам дека веќе во декември советот тука до мене е и претседателот ќе донесат одлука за враќање на старата цена на водата, она кое што советот и градоначалникот го земаа како обврска овде во Прилеп да откако ќе биде корегирана цената на електричната енергија се врати старата цена за вода на прилепчани.
Така што исклучително квалитетен ден и се надевам дека сето ова ќе значи подобар живот и исполнување на ветувањата кои што ги даде градоначалникот овде во Прилеп на локалните избори и тоа ќе значи поквалитетен живот и подобри услови за прилепчани.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Двајца Срби пробале да шверцаат 23000 кутии цигари во земјава - добија парична казна и протерување од државата
-
Во август 280 одобренија за градење, од кои 179 за високоградба, предвидени 646 станови
-
Битолчанка измамена за 27.000 евра со веќе познатата измама за наводна „сообраќајна несреќа“
-
Ѓорѓиевски ветува дека за 72 часа ако стане градоначалник на Скопје ќе го реши пробемот со сметот
-
Од вторник температури над просекот за овој период од годината
-
Спречено криумчарење на 11 златни монети вредни девет илјади евра | ФОТО
-
Од почетокот на седмицата уапсено 21 лице, а констатирани 2.131 сообраќајни прекршоци
-
Возел 92 км на час на место каде што е дозволено 40