Мицкоски најавува средба со синдикатите за минималната плата - Филипче обвинува владата е неспособна
Премиерот Христијан Мицкоски е подготвен да разговара за решение како да се зголемат платите на работниците со сите синдикати, но вели тоа ќе зависи од состојбата и подготовката на буџетот за следната година. Посочи дека со ребалансот се предвидени сите покачувања и усогласувања што претходно беа усогласени со синдикалните организации.
Опозицискиот лидер пак обвинува дека Мицкоскои не знае да се справи со ситуацијата и бара изговори за да ја покрие неспособноста. Тврдењата дека нема пари за зголемување на платите на работниците биле „приказни за мали деца“.
Иако е подготвен сите барања на синдикалците да ги договора на маса, Мицковски повика пораките кои ги испорачуваат синдикалните организации да немаат политичка позадина. За Филипче пак ваквите изјави се навреда за работниците и синдикалците.
Владата вели дека пари за зголемување на платите нема оти наследена е празна буџетска каса. СДСМ тврди оти пари има, но власта немала капацитет да се справи со сите барања. И додека траат партиските препукувања, ССМ не отстапува од ставот дека минималната плата мора да се зголеми.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар