Мицкоски: Ќе се изградат фотоволтаични централи на пет јавни објекти во Радовиш во вредност од 37 милиони денари

„Радовиш повеќе не е зафрлено место на југоистокот на Македонија. Работиме тимски и најважните одлуки ги заеднички и транспарентно. Радовиш ги живее промените и проектите на дела. Согласно барањата на граѓаните суштински започнавме да ги решаваме најгорливите проблеми, проблемот со сообраќајот, проблемот со недостатокот на модерни и уредени површини за рекреација, спорт и дружење“, изјави во своето обраќање градоначалникот на Општина Радовиш, Ацо Ристов во кампањата „Промените на дело“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ.
Ристов додаде дека со нов режим на сообраќај и нова хоризонтална и вертикална сигнализација, се воведе и зонско паркирање кое сериозно го подобри сообраќајот во Радовиш.
„Започнавме и постапка за изработка на проектно техничка документација за изградба на новиот рекреативен парк, Канлиева воденица со пристапна инфраструктура. За првпат во Македонија воведуваме централно греење со најсовремена технологија за пет згради во општина Радовиш. И ова е само мал дел од многуте проекти и тука нема да застанеме“, нагласи градоначалникот на општина Радовиш.
Ристов најави дека со новото модерно и софтверско решение се воведува нов електронски систем за следење и наплата на даночните побарувања. Се подобри и наплатата на данокот за цели 50% во минатата година.
„Годинава ќе изградиме 5 фотоволтаични централи на пет јавни објекти, со вредност на проектот од 37 милиони денари. Ќе изградиме диспензиран систем за греење од обновливи извори на енергија вреден преку 56 милиони денари. Новиот обиколен пат вреден 10 милиони денари конечно ќе ја реши обиколницата околу Радовиш. Осум милиони денари изреализиравме за новите речни корита на река Оравиочка и Радовишка река“, рече Ристов.
Тој додаде дека се постави целта, а тоа е развиен, модерен, добро уреден, убав и посакуван Радовиш.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нагласи дека изминатата година во општина Радовиш се реализирале сериозни проекти за да се подобри квалитетот на животот на граѓаните.
„Заедно со Ацо за Радовиш ветивме сериозни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на животот во општината и немаме намера да застанеме. Радовиш годинава ќе започне изградба на градски пазар со катна гаража, капитален проект вреден 124 милиони денари. Мора да размислуваме 20-30 години во иднината, стратешките прашања за развој на општината се решаваат со визија, а не со дневна политика“, нагласи Мицкоски.
„Одлучни сме за целта која е поставена пред нас. Радовиш да ги живее проектите на дела“, рече Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски го презеде раководењето со Скопје, најави дека од вечер почнува голема акција за чистење на градот
-

Герасимовски додели 82 стипендии до 3.500 денари месечно на најдобрите ученици
-

Мицкоски за Извештајот на ЕК: Ќе добиеме петка и ќе бидеме шампиони ако ги направиме уставните измени и потоа ќе имаме ново вето
-

Јовева: ЕК не е фер - Македонија има напредок
-

СДСМ: Најлош извештај во последните 10 години
-

Николоски и Караџов го потпишаа Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8
-

ДИК ги објави конечните резулати за избор на градоначалници во 29 општини и Град Скопје
-

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
