Мицкоски: Ќе направиме автопат од Скопје до Прилеп преку Бабуна, ќе се забрани увоз на тутун додека не се откупи домашниот
Најпрво благодарам на прилепчани што во голем број се денеска овде во Центарот на Прилеп за да може да разговараме за иднината, да зборуваме за тоа како треба Прилеп да изгледа во иднината, а не како што е денеска, би рекол град кој што е целосно застанат во времето. Град во кој што царува криминалот, царува корупцијата, град во кој што практично недалеку од оваа бина од овде имаме информации и сознанија дека практично се продаваат и тргуваат наркотични средства.
Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот на денешната трибина во Прилеп.
-Град кој што е засрамен од началникот на одделот за внатрешни работи кој што беше уапсен поради основано сомнение дека врши нелегална трговија со наркотични средства и уште многу други работи кои што за жал изминативе четири години го ставија Прилеп на дното на приоритетите на оваа влада. Сето она кое што беше претходно започнато за жал денеска е со кров и со трева обраснато, тоа што е изградено пропаѓа поради неспособноста на централната власт, но и сто така и поради неспособноста на локалната власт. Од спортски клубови кои што се бореа за врвот на табелата во првата лига, денеска имаме спортски клубови кои што се борат посебно тука акцентот го ставаме на фудбалскиот клуб кој што се бори да опстане во фудбалската лига, рече Мицкоски.
Оцени дека станува збор навистина за порази и порази изминатите четири години.
-Сакаме ние да понудиме иднина и она кое што навистина повторно ќе го врати приоритетот на Прилеп, град кој што е најразвиен и најперспрективен град во Македонија. Така што денеска тука во Прилеп ќе имаме можност да го промовираме проектот кој што започна овде од Прилеп, а тоа е проектот изградба на ново автопатско решение Скопје Велес преку Бабуна, Прилеп, Битола, Меџитлија. Но исто така ќе зборуваме за концептот на целосно дигитализирана општина. Тука до мене е и идниот градоначалник на Прилеп, доктор Борче кој што е овде човек за кој што веќе сите гласно зборуваат дека е идниот градски татко и идните четири години, а зошто да не и понатаму да го препороди навистина Прилеп, и да го крене од ова мочуриште во кое што денеска се наоѓа, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
Во уште една земја-членка на НАТО пронајдени остатоци од руски дрон
-
Пријавена епидемија на труење со храна во Куманово
-
Притвор од 30 дена за првосомничениот за пожарот во Трубарево, останатите тројца во куќен притвор
-
Во Трубарево нема надминување на граничните вредности на ПМ честички
-
Полицајци со калашникови во прилепската болница откако две групи се обиделе да се пресметаат | ВИДЕО
-
Под неисправно возило во Дебар пронајдено оружје и муниција
-
На Неврохирургија првпат применета интраоперативна флуоресцентна видеоангиографија при хируршки третман на мозочна аневризма
-
Во Гостивар приведена 19-годишна турчинка, поседувала предмети со остатоци од марихуана и други наркотици | ФОТО