Мицкоски: Ќе чекаме до 12 да се појави Кастриот Реџепи
Се отвораат многу шпекулации за не појавувањето на пратеникот на Беса Кастриот Реџепи во Парламентоти и ниту претседателот, ниту премиерот немаат став околу тоа каде се наоѓам изјави попладнево претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски пред Собранието по прекунувањето на собраниската седница за гласање доверба на Владата.
– Ќе чекаме до 12 да се појави пратеникот. Треба најпрво да видиме дали е жив, здрав, прав, да видиме каде се наоѓа човекот. Освен на јазик различен од македонскиот и албанскиот, порака на социјалните медиуми друго не знаеме, физички што се случува со човекот, дали е некаде мимо своја волја или е доброволно таму. Да ги видиме тие вредности што ги споделува, затоа што пратеници тукутака не исчезнуваат во тие заедници коишто тој ги наведе на својот Фесјбук статус, како што се САД и ЕУ. Претседателот на државата којшто е најодговорен во вакви ситуации заедно со претседателот на Владата немаат досега јасен став околу тоа каде се наоѓа пратеникот, бидејќи пратеник во македонското Собрание нема, истакна Мицкоски.
Лидерот на опозицијата рече дека тие „не знаат дали Реџепи е киднапиоран или доброволно се движи и избегал“.
– Не разбирам ако е доброволно, не беше денеска тука појавен. Ќе си се гласаше. Ако беше против да падне оваа влада ќе си гласаше против, иницијативата ќе завршеше 60:60 и ќе го спасевме народот и јавноста од ваков срам. Вака се отвора простор за многу шпекулации, многу изјави од различни извори – дали се потврдени или непотврдени, дали се точни или неточни. Но, она што е јасно е дека власта се препелка во живата кал. Ако мисли дека ова е некаков политички триумф, не напротив. Мислам дека ова е голем срам за демократијата, голем срам за вредностите коишто се наведени во тој статус, нагласи Мицкоски.
Тој рече дека уште вчера се шпекулирало дека ова ќе се случи и дека ако се потврди дека се тргувало со пратеници „во државава веќе не вреди да се занимава човек со политика“.
– Да видиме што се случува со човекот. Ако не се појави, треба да даде одговор МВР. Јас како што знам, Билал Касами даде една изјава, рече дека пријавил, така што да видиме што ќе се случи, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
-

Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените
-

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб
-

Софија со викенд зелена карта се справува со загадениот воздух
-

Отворен 25. Меморијален турнир во чест на загинатите бранители и припадници на полицијата во 2001 и 2015 година
-

Маглата го отежнува сообраќајот
