Мицкоски: Избори откако конечно ќе се избориме со пандемијата со Ковид-19
ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе на избори и ќе победи, но единствено нешто што не плаши и треба да не плаши сите нас е што сме рекордер по заболени од Ковид-19 на Балканот, а секојдневно имаме и по неколкумина починати, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Опозициската партија, според него, е подготвена за дијалог и откако успешно ќе заврши пандемијата може да се зборува за поконкретни датуми и чекори за избори.
-Доколку од оваа призма како човек, како граѓанин барате одговор од мене, одговорот би бил: Ве молам дајте да се обидеме да спасиме што повеќе човечки животи и да работиме со нашите граѓани на протоколи, на мерки, да ги заштитиме од потенцијалната инфекција на овој вирус. Ајде прво тоа да го завршиме, бидејќи гледаме дека три месеци поминаа зад нас фрлени во ветер, ништо не се случи, ајде прво тоа да го завршиме а потоа првиот слободен термин да ги организираме тие избори. Тоа да се случи откако ќе се избориме конечно со оваа пандемија, рече Мицкоски.
На прашањето што ќе прави неговата партија ако СДСМ и ДУИ се одлучат за избори на 5 јули, Мицкоски рече „секоја чест ако тие решат да одат на избори кога броиме десетици заболени и неколкумина починати дневно и оти нема што да додаде ниту да одземе на тоа прашање“.
-Втурнувањето на граѓаните во еден таков период за мене како одговорен човек и политичар значи дополнително зголемен ризик по нивниот живот, рече Мицкоски.
Вели дека ВМРО-ДПМНЕ е секогаш за компромис и за разговор и оти им стојат на располагање на СДСМ и на ДУИ, доколку, како што кажа „ценат дека им е потребен ставот на ВМРО-ДПМНЕ околу новонастанатата ситуација“.
Потврди дека до имало меѓупартиска комуникација за договор за датум за парламентарните избори, но оти таа прекинала по зголемувањето на бројот на заболените од ковид-19 во земјата, во петокот.
-Не се чуствувам пријатно да зборувам за избори во ваква ситуација, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар