Мицкоски: Електричната енергија не поевтинува, туку поскапува
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во пресрет на настанот во Битола за 31 година од основањето на Општинскиот комитет во Битола вчеравечер, во врска со најавите за поевтината струја, истакна дека електричната енергија не поевтинува, туку поскапува, а власта не ги прифати сите амандмани на ВМРО-ДПМНЕ, па се ограничи намалувањето на ДДВ-то само за оваа година.
-Електричната енергија не поевтинува, туку електричната енергија поскапува, се намали ДДВ-то кој предлог го дадовме овде во Битола, и тоа беше единствениот начин граѓаните да не добијат повисоки сметки за струја, за жал до крај не беа подготвени од власта да одат и решија да го ограничат на една година, иако предложивме неколку амандмани кои зависеа од цената на електричната енергија која секоја година Регулаторната комисија ја носи, но за жал владеачкото мнозинство не подржа ниту еден од тие амандмани, но добро барем што оваа година ќе имаме намалено ДДВ, истакна Мицкоски.
Тој рече дека очекува по локалните избори, еден нов ветер на политичката сцена и ново парламентарно мнозинство и се надева дека ова владеачко мнозинство следната година нема да има можност да манипулира на ваков начин со цената на електричната енергија.
Ново на Сител
-
Совети за очниот притисок и негово регулирање
-
Битолските пожарникари спасија заглавено лице на дрво во Градскиот парк
-
Мицкоски: Слава за хероите од Карпалак
-
Повеќе од две третини од Украинците сакаат преговори за завршување на војната
-
МЗШВ со финансиска поддршка на ЈП „Национални шуми” во износ од 48 милиони денари
-
Дурмиши: Обезбедуваме попусти до 15 отсто за училишен прибор, вистинска поддршка за семејствата пред школската година
-
Трговците, производителите и дистрибутерите попладнево на средба кај Дурмиши за цените на храната
-
75-годишна македонска државјанка се удави на Халкидики