Мицкоск: Даваме рок до вторник оставките да се достават до Собранието
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му постави ултиматум на министерот за здравство Венко Филипче. Оставката да ја достави до Собранието, наместо до премиерот како што тоа го направи. Во спротивно пратеничката група на најголемата опозициска партија ќе достави предлог-одлука за разрешување.
-Даваме рок до вторник рано претпладне министерот за здравство и неговиот заменик да ги достават своите оставки до Собранието, како би можело тие да бидат констатирани на почетокот на веќе закажаната нова седница истиот ден. Доколку не бидат поднесени овие оставки пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ секако, со понудена соработка на другите пратенички групи, врз основа на член 184 став 1 од Деловникот ќе поднесе до Собранието предлог-одлука за разрешување на министерот за здравство и заменикот на министерот за здравство. Нема да поднесеме овој пат Интерпелација зашто не сакаме оваа Интерпелација да ја доживее судбината како изминатите интерпелации коишто беа поднесувани во минатото и никогаш повторно истите да не бидат точка на дневен ред и практично да ја преполнат фиоката на Талат Џафери. Нема повеќе простор и нема кај него место за криење на овие луѓе коишто се неспособни владини функционери, рече Мицкоски на денешната прес-конференција.
Според него, оставките мора да бидат доставени до Собранието како орган кој ги избира министрите.
- Наместо оставка поради морални причини на министерот за здравство видовме партиски, штабски инструирана кампања на организирано жалење за фингираната оставка на министерот за здравство, која патем ја дал до премиерот, а не до институцијата која го избира а тоа е Собранието и истата таа институција, Собранието на Република Македонија ја констатира таа оставка, кажа Мицкоски.
Ново на Сител
-

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со адмирал Викоф, нагласено значењето на партнерството со НАТО и со САД
-

Заврши руско-белоруската воена вежба на нуклеарните сили
-

Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол во прва работна посета на Армијата и Министерството за одбрана
-

Минчев на средба со СИГМА: Транспарентноста и ефикасноста клучни за јавната администрација
-

Руте: Многу земји-членки на НАТО не издвојуваат доволно средства за Украина
-

Божиновска: Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција достигнува портфолио од 1,7 милијарди евра
-

Министерството за спорт најостро ги осудува случувањата на финалето од фудбалскиот Куп на Македонија!
-

Сиљановска - Давкова: Да се влезе „Во мојот свет“, значи да се признае дека тој е и наш заеднички свет
