-->
-->
Металург гостува во Загреб
-->
Тренерот на Металург, Лино Червар пред денешното гостување кај ППД Загреб во СЕХА лигата, очекува добра игра на неговите избраници против хрватскиот шампион.
- Гостувањето во Загреб за мене е возбудливо искуство. Знам дека нашиот противник е во криза, по поразот од Кристијанштад во Лигата на шампионите, и сигурен сум дека ќе сака пред својата публика да најде начин да ја подигне својата форма, а тоа дополнително ќе ни ја отежни работата. Нашата цел е да одиграме добра сезона и на секој натпревар, па и на утрешниот со Загреб, да играме максимално ангажирано и да покажеме што знаеме. Дали тоа ќе биде доволно за позитивен резултат на утрешната средба ќе покаже времето, изјави Червар на прес-конференцијата во пресрет на натпреварот.
Марко Нелоски фаворитската улога му ја препушти на домаќинот.
- Го почитуваме Загреб и секогаш е задоволство да се игра против него. Јас немам пријатно искуство од претходните средби со Загреб, па со нетрпение го очекувам утрешниот натпревар. Домаќинот е фаворит, но на нас е да направиме се возможно и да го изненадиме нашиот противник, рече Нелоски.
Натпреварот ППД Загреб – Металург почнува во 18 часот и е во рамките на 6.коло од регионалната ракометна СЕХА лига.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лонгони најуспешни на екипното првенство во билијард
-
Уште една кривична за Мерко: Именувал библиотекар за директор на основно училиште
-
Аморим по триумфот во градското дерби: Беше неверојатно, но ја заслуживме победата
-
МВР објави оглас за прием на 600 нови полицајци
-
Седници на шест собраниски комисии
-
На Попова Шапка -10 степени и 44 сантиметри снег
-
Седница на Државната изборна комисија
-
Три земјотреси во текот на ноќта во Македонија