Мета ќе отпушти пет отсто од вработените, Цукерберг очекува „интензивна година“
Технолошката компанија Мета, сопственик на Фејсбук, Инстаграм и ВатсАп, најави дека ќе отпушти околу пет отсто од вработените со најниски резултати во компанијата, а нејзиниот извршен директор Марк Цукерберг им кажа на вработените во интерен меморандум дека 2025 ќе биде „интензивна година“.
Според извештајот за последниот квартал, Мета вработила околу 72.000 луѓе, така што намалувањето на работните места за пет проценти ќе влијае на околу 3.600 лица.
Засегнатите вработени ќе бидат известени до 10 февруари.
„Одлучив да ја подигнам границата на управувањето со перформансите и побрзо да ги исфрлам оние со слаби перформанси“, рече Цукерберг.
Компанијата претходно елиминираше 21.000 работни места или речиси четвртина од својата работна сила, во 2022 и 2023 година, пренесува Си-Ен-Би-Си.
Мета тогаш посочи дека отпуштањата биле неопходни за да се подобри ефикасноста откако компанијата вработила премногу луѓе за време на пандемијата на коронавирус, објавија медиумите.
Ново на Сител
-
Забраната за сообраќај на камиони укината на патниот правец Берово - Струмица
-
Професорите од Универзитетот во Ниш на пленум изгласаа прекин на работата и поддршка на студентите
-
61-годишник од девизна на починат со полномошно извадил 18.550 долари и 11.750 евра
-
18-годишна скопјанка нападната во влез на зграда во Центар
-
Креариан е лажен профил на Венко Филипче на Фејсбук
-
Врховната рада на Украина ја продолжи вонредната состојба и мобилизацијата до 9 мај
-
Туск: Русија планирала „терористички акции“ во воздух против Полска и други земји
-
Јапонија ќе обезбеди два милиони долари помош за Калифорнија за ублажување на последиците од пожарите