Меркел: Војните се почесто доаѓаат до нашиот праг
Војните и конфликтите, кои ни се чинат толку далеку, се почесто доаѓаат до нашиот куќен праг, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел во обраќањето пред пратениците во Бундестагот.
- Во овој наш глобализиран свет, како никогаш досега, дирекно се соочуваме со ситуација во која војните, конфликтите и недостигот на преспектива, кои ни се чинат толку далеку, се почесто доаѓаат до нашиот куќен праг, изјави Меркел, објаснувајќи им ги на пратениците ставовите на нејзината Влада во врска со бегалската криза и со напорите за надминување на предизвиците што ги носи актуелниот прилив на мигранти.
Според Меркел, бегалската криза може да биде надмината само со заенички напори на европските земји, но и со мерки на национално ниво во кои спаѓа и најновиот законски пакет за политиката на азил, што денеска треба да го одобри Бундестагот.
- Бегалската криза ја поставува Европа пред историски испит. Европа може да најде излез од кризата само со заеднички напри. Тоа е проблме кој може да се реши само заеднички, како на глобално, така и на национално ниво, порача Меркел.
Таа нагласи и дека проблемот со бегалците треба да се решава на местото на кое тој настанал, односно во Сирија која е зафатена со граѓанска војна, додавајќи дека за такво нешто неопходна е и подобра соработка со Турција.
- Нема да можеме да го намалиме или спречиме бегалскиот прилив без соработка со Турција, порача Меркел, додавајќи дека еден од мерките би кожело да биде и прогласување на Турција за „сигурна трета земја“ во која би можеле да бидат враќани бегалците.
Меркел прецизираше дека поддршката на Анкара треба да вклучува и хуманитарна помош и поддршка за обезбедување на границите и борбата против криминалните мрежи за трговија со луѓе.
Меркел упати критики и до дел од нејзините демохристијански пратеници кои барат затворање на германските граници, како мерка за запирање на приливот на бегалци, оценувајќи дека секое „оградување и излоција во 21-от век на интернетот би претставувало илузија“.
- Мораме да дојдеме до заклучокот дека контролата на надворешните граници (на ЕУ) не функционира, заклучи Меркел, при што уште еднаш се заложи за прифаќање на планот на Европската комисија за прераспределба на беглаците меѓу земјите-членки на ЕУ според утврдени квоти.
Со предлог-законот што треба да го усвои Бундестагот се предвидува по Макеоднија, Босна и Херцеговина и Србија, за сигурни земји на потекло да бидат прогласени и Албанија, Косово и Црна Гора, со што би се забрзала постапката за решавање по барањата за азил на државјаните од сите земји од Западен Балкан.
Меркел во обраќањато се осврна и на најавениот референдум за останување или излез на Велика Британија од ЕУ, при што нагласи дека Германија конструктивно ќе соработува со Лондон за реформирање на Унијата.
Таа сепак нагласи дека некои принципи, како што се слободното движење на луѓе и спречување на дискриминацијата, неможе д абидат тема на преговори.
- Уверена сум дека ќе успееме да пронајдеме прифатлив компромис, рече таа.
Ново на Сител
-
Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини
-
Сијарто: Во Брисел и кај европските лидери преовладува воена психоза
-
Насилно удрил оштетено лице во нозете и му го украл телефонот во такси, кривична против 40-годишник
-
„Златна треска“ во бугарскиот приморски град Царево по веста дека поплавата однела сеф со милиони и злато
-
Трамп се закани со „целосно уништување“ ако Хамас го одбие неговиот план
-
ОЈО: Две лица од Брвеница осомничени за илегална трговија со кокаин
-
Кобахидзе: Демонстрантите се обидоа да ја соборат владата, ЕУ се меша во грузиската политика
-
Лавина однесе тројца хрватски планини во Јулиските Алпи во Словенија