Меркел утре ќе се вакцинира со „АстраЗенека“
Германската канцеларка Ангела Меркел во петок ќе се вакцинира против коронавирусот со вакцината на „АстраЗенека“, дознава дневниот весник Die Welt.
Германската канцеларка, којашто во јули ќе наполни 67 години, ќе се имунизира против Covid-19 со вакцината којашто во Германија, поради проблемите со крвни згрутчувања кај помладите лица, се применува само кај повозрасните од 60 години.
Еден од портпаролите на германската влада одбил да ја потврди оваа информација, повикувајќи се на изјавата на главниот владин портпарол Штефан Зајберт од понеделникот, кога е најаведно дека канцеларката Меркле „ќе се вакцинира во догледно време“ и дека јавноста за тоа ќе биде известена.
Претходно со вакцината на „АстраЗенека“ се вакцинираше и германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој тогаш изјави дека „има довреба во вакцините коишто добиле дозвола во Германија“.
По препорака од Централната комисија за вакцините во Германија од почетокот на април со препаратот на „AstraZeneca“ се имунизира само населението над 60-годишна возраст.
Министрите за здравство на сојузните германски покраини пред негколку дена одлучија лицата кои како прва доза ја примиле вакцината на „AstraZeneca“, како втора доза да ја примат вакцината на „Pfizer/Biontech“ или на „Modernа“.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп