-->
-->
Меркел-Порошенко: Санкциите против Русија треба да останат
-->
Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска побара од Западот да ги остави во сила санкциите против Русија поради нејзината поддршка за сепаратистите во источниот дел на Украина.
- Санкциите против Русија треба да останат се додека таа целосно не го исполни Договорот од Минск, истакна Порошенко на заедничка прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел.
Тој беше поддржан од Меркел, која додаде дека поради непостигнување на траен мир, ЕУ треба да ги продолжи санкциите против Москва поради нејзината улога во конфликтот.
Германската канцеларка, исто така, ќе ја разгледа со Порошенко новата финансиска помош за Украина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трошоците на живот во 2024 година зголемени за 3.5%, а цените на мало за 3.8%
-
Поскапуваат бензините и дизелот
-
ВМРО-ДПМНЕ во мај ќе ги соопшти имињата на кандидатите за градоначалници за локалните избори
-
Оглас за пракса и вработување во утринската програма на Сител ТВ
-
Мицкоски: Цените на производите се следат, ако има потреба ќе интервенираме
-
Пронајдена автоматска пушка при претрес на дом на тетовчанец
-
Фалсификувала билет и белгиски пасош за да патува до Истанбул, уапсена 32-годишна Турчинка
-
Приведен 40-годишен маж за тешка кражба