Меркел под притисок да ги засили општите мерки за безбедност

Политичари од двете владејачки партии бараат владата во Берлин да донесе нови мерки со кои што ќе се зголеми јавната безбедност, ќе се зголеми обемот на видео-мониторинг на јавниот простор и ќе се засили депортацијата на одбиени баратели на азил кои што се сметаат за опасни за Германија, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Едно од барањата за построги мерки за безбедност доаѓа од баварската ЦСУ, сестринската партија на ЦДУ на Меркел, од каде се бара полицијата и разузнвачките агенции да добијат поголем моќ и во исто време да се подобри размената на податоци меѓу различните институции кои што се одговори на следење на опасни поедници и групи.
- Потребна ни е нова основа за да апсиме опасни луѓе, се вели во документот на ЦСУ насловен „Безбедност за нашата слобода“ чија содржина ја објавува агенцијата Ројтерс, а за кој идниот месец ќе разговара врвот на баварската партија, пренесуваат германските медиуми.
Според документот, разузнавачките агенции треба да бидат способни да следат поединци од 14-годишна возраст и да добијат поголеми овластувања да апсат луѓе кои што чекаат да бидат депортирани.
Според анкетите, германската јавност како резултат на следењето на луѓето од страна на тајната служба на Источна Германија е поделена во врска со можноста да се дозволи зголемено ниво на мониторинг на граѓаните. Наспроти дел од опозицијата која тврди дека зголеменото ниво на видео и друг вид мониторинг не е одговор на опасноста од тероризам, околу 60 проценти од граѓаните сметаат дека службите за безбедност треба да добијат поголеми овластувања и ресурси за следење на опасните граѓани.
За социјалдемократите кои што вобичаено се претпазливи кога станува збор за безбедноста и човековите права нема дилема дека сите што се на листата за депортација треба да бидат под контрола на властите.
- Мора да обезбедиме опасни луѓе да немаат имаат можност да исчезнат. Секој што ја ставил општата безбедност во ризик не смее да биде на слобода, изјави Ралф Штегнер, пратеник на СПД во Бундестагот за весникот „Велт“.
Во Германија живеат околу 550 луѓе, кои според германските служби за безбедност се сметаат за потенцијално опасни за јавната безбедност, а над 800 германски граѓани досега заминале да се борат во Исламската држава и други радикални исламистички групи во Сирија и Ирак. Над 120 од нив се веќе вратени во земјата.
Во неколку наврати претходно, синдикатот на германските полицајци јавно се пожали дека службите немаат доволно ресурси да ги следат сите потенцијални терористи во земјата.
Ново на Сител
-

Левит: Операцијата против Иран ќе ги намали цените на нафтата и гасот
-

Зеленски: Русија сака да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од санкциите
-

Министрите за енергетика на Г7 ја одложија одлуката за ослободување на стратешките резерви
-

Четиринаесет пријави за семејно насилство деновиве во државата, приведени четири лица
-

ОН: Руската депортација на украински деца е злосторство против човештвото
-

МСПДМ: Итна седница на Националното координативно тело - ќе се формира работна група за измени и дополнувања на неколку закони
-

Владата одзеде уште шест лиценци за одгледување канабис
-

Тешка сообраќајка на влезот во Скопје: Камион урна семафор, паднал врз моторџија | ФОТО
