Меркел од среда почнува турнеја низ Западен Балкан

Германскиот канцелар Ангела Меркел следната недела ќе ја почне својата дводневна посета на Западен Балкан, пренесе ТАСС.
Портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт денеска на брифинг информира дека турнејата ќе почне в среда, на 8 јули, и ќе ги вклучи Албанија, Србија и Босна и Херцеговина.
Предвидено е Меркел да се сретне со премиерите на овие земји и со нив да ги разгледа билатералните односи и енергетските прашања.
- Во Сараево Меркел ќе ја посети изложбата, посветена на масакрот во Сребреница во 1995 година, рече Зајйберт.
Тој потенцира дека Западен Балкан уште не е целосно соземен од ужасите на војните во поранешна Југославија и Германија има намера да даде свој придонес за неговиот развој.
- Развој ќе има само доколку во билатералните односи на земјите од регионот има колку што е можно помалку тензични моменти, истакна германскиот владин портпарол .
Како што јави дописникот на МИА од Тирана, Меркел ќе допатува во Албанија в среда попладне, каде покрај средбите со албанскиот премиер Еди Рама и шефот на државата Бујар Нишани, ќе учествува и на економски форум. Предвидено е доцна попладенто Меркел од Тирана да земнине за Белград.
Мерките кои ќе бидат превземени за посетата на германската канцеларка на Тирана ќе бидат идентични со оние за време на претстојот на папата Франциско на 22 септември мината година и посета на српскиот премиер Александар Вучиќ на 26 и 27 мај, кога за безбедноста се грижеа над 1.500 припадници на алабнското Министертвото за внатрешни работи и гардисти, а градот го надлетуваа и полициски хеликоптери.
Посетата на Меркел ќе биде втора на еден германски канцелар на Албанија по 1999 година, кога Тирана ја посети Герхард Шредер, 12 години по воспоставувањето дипломатски односи меѓу поранешна Западна Германија и Албанија.
Ново на Сител
-

Македонија ќе биде домаќин на состанокот „Брдо-Бриони“ во октомври
-

УХМР: Утре пороен дожд, грмежи и локално невреме
-

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска
-

Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа
-

Брат ја пронашол почината својата сестра во стан во Аеродром
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
