Меркел: Лондон на европскиот пазар само ако дозволи слободен проток на граѓани

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска порача дека Германија сака пријателски односи со Велика Британија но дека Лондон може да биде дел од слободниот европски пазар само ако дозволи слободно движење на европските граѓани.
- Секогаш ќе натежнувам во корист на Велика Британија но секогаш со мисла дека ние останатите 27 земји членки сакаме да ја зачуваме Европа, изјави Меркел на средба со членови на нејзината партија ЦДУ во Падерборн, јави дописникот на МИА од Берлин.
Според канцеларката, отстапки за Велика Британија за слободно движење на пазарот на работна сила ќе предизвика опасен преседан во ЕУ што може да ја доведе во прашање целата Унија.
Пред своите партиски колеги Меркел порача дека ЕУ мора да работи интензивно за да ја зајакне безбедноста и да обезбеди сите нејзини одлуки да бидат спроведени, потенцирајќи дека Унијата има дефицит кога се работи за спроведување на акциите на европско ниво.
Ново на Сител
-

ОН: Откритијата во досиејата на Епстин може да претставуваат злосторства против човештвото
-

Ѓорѓиевски: Градежните активности се одвиваат во полн ек
-

Полицајци спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа
-

За една седмица „Безбеден град“ констатирал 4490 сообраќајни прекршоци, за 10% помалку од предходната седмица
-

ССМ утре пред Владата ќе ја реализира последната блокада за зголемување на платите
-

Две Гркинки украле козметички производи од Трговски центар во Аеродром
-

Скопјанец ги нападнал мајка си и сопругата
-

Од вечер повторно врнежи, кои наместа ќе бидат пообилни
