-->
-->
Меѓународна планинарска трансверзала
-->

Дваесетина ентузијасти и љубители на алтернативниот туризам денескa, во рамки на 17. Меѓународна планинарска трансверзала 4М, одеа по патот на легендата од 11. век, од манастирот Св. Гаврил Лесновски во Пробиштип до Св. Јоаким Осоговски во Крива Паланка, долг околу 40 километри.
Организаторот, кој е идеен творец и сопственик на брендот на 4М, Стојанче Величковски, истакна дека специфика на годинашното издание е доделувањето на плакетата 10 пати 4М, за десет учества на оваа трансферзала.
- Годинашната плакета „10x4M“ му ја доделивме на Марио Алексовски од Пробиштип кој од 2002 година досега учествуваше десет пати на оваа планиска авантура. Првпат оваа плакета ја доби Игор Ангеловски, во 2013-та, рече Величковски.
Алексовски, изминатите три години учествува, но и помага во маркација, како и во поставување патокази и придружни елементи за одржување на патеката.
- Највпечатливо покрај легендата од 11 век е и газењето на Злетовска река, кое годинава, за жал, поради високиот водостој, го изоставивме и минавме по високогорскиет алтернативни предели од трасата, изјави Алексовски и додаде дека патеката минува покрај новоизградени сместувачки капацитети и поврзува впечатливи локалитети, со што нуди можност за реализација во два дела.
Величковски размислува во оваа насока зашто, нагласи, долж патеката се изградени и нови конаци, како оние во село Каврак, Кратовско, во црквата Св. Петка.
Најмлад учесник на Меѓународната планинарска трансверзала беше четиринаесетгодишниот Петар Николовски од Куманово.
Регионалното здружение за развој на планинарење, алтернативен туризам и настани инспирирани од културата „Патрник“, чиј претседател е Стојанче Величковски, во својата годишна програма ја има вметнато и Меѓународната планинарска трансверзала 4М, а покрај неа, планира да спроведе и останати активности, во кои особен акцент ќе биде ставен на младите планинари, како и на субјектите заинтересирани за алтернативен туризам.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Грчките земјоделци го затворија на четири часа граничниот премин Евзони за сите возила
-

Германија со поддршка за Данска во спорот со Трамп околу Гренланд
-

НП Шар Планина го засилува мониторингот на балканскиот рис
-

За 10,3 проценти зголемен бројот на странски туристи во периодот јануари-ноември 2025 година
-

МВР: Саитов веќе бил казнет за возење без дозвола
-

Пронајдени боксирач и навредлив транспарент: Бугарин приведен и протеран од Македонија
-

Запален василичарскиот оган во водите на Охридското Езеро
-

Судскиот совет ќе објави оглас за избор на судија на Уставниот суд согласно новиот Закон
