Меѓународна конференција за правата на лицата со попреченост
Потребно е усогласување на термините за лицата со инвалидност во Република Македонија, сеопфатна поддршка од државата, но и подигање на јавната свест дека одговорноста и обрската за остварување на правата на овие лица не е само на државата туку на целокупната јавност и општество, сметаат дел од учесниците на Меѓународната конференција „Конвенција на ООН за заштита на правата на лицата со попреченост и нејзиното влијание врз националното законодавство и политики“, што се одржува денеска во Скопје.
- Овозможувањето на правата и можностите на лицата со инвалидност е наша заедничка обврска, обврска на државата, на сите граѓани, на општеството. Тоа не смее да биде нечија волја, туку наша единствена заедничка обврска, рече министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски.
За остварување на оваа цел, истакна таа, покрај потпишувањето на потребните документи и изработка на програми и планови, формирана е работна група која во светло на мотото „Ништо за нас без нас“ во која е вклучен и националниот сојуз на инвалидски организации и други здруженија на граѓани кои работат на прашања од оваа сфера.
Смета дека е потребно да се унифицира терминот за лицата со инвалидност, со оглед на тоа што, како што истакна, се користат различни. Исто така, според неа, потребен е и нов систем за проценка на децата со пречки во развојот, на кој веќе почнува да се работи, кој ќе овозможи нивна полесна инклузија. Постојниот, како што рече, се уште се заснова на медицинска процена на она што му недостасува на детето.
- Во таа насока почната е постапка за нов модел, со функционална проценка на децата при што ќе се утврди потенцијалот на детето што тоа може да постигне, но и кои се пречките во средината кои оневозможуваат да го реализара целосниот потенцијал, рече министерката.
Бранимир Јованоски, претседател на Националното координативно тело за еднакви права на лицата со инвалидност, смета дека на овие лица им е потребна и неопходна помош и поддршка од државата и општеството во вистинско време и на вистински начин.
- Има многу светски понати научници политичари, спортисти актери кои живееле или живеат со некаква инвалидност, кои до перфекција ги усовршиле своите знаење и вештини и кои како јас сакам да кажам оставиле силен впечаток во историјата „За можта на немоќните“. Тие ова го постигнале со лична заложба и жртвување, но во рамки на поддршката што државните институции им ја овозможиле за нивна непречена едукација, усовршување и делување во сите аспекти на политичкиот и економскиот живот, рече Јовановски.
На конференцијата ќе бидат разменети искуства за функционирањето на моделите за заштита на овие лица, за постигнатите резултати во повеќе земји, со цел се изнајдат најдобрите решенија.
Ново на Сител
-
Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад
-
Пронајдени 14 мигранти во Кумановско, од кои четворица малолетни
-
Силекс се искачи на врвот на табелата
-
До крајот на денов сончево со мала локална облачност
-
Пакистан го прекина интернетот и мобилната телефонија
-
Мицкоски: Очекувам до следната летна или есенска сезона да има нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз
-
„Фаненшл тајмс“: Русија регрутира платеници од Јемен да се борат во Украина
-
Зеленски: Украина треба да ја зајакне противвоздушната одбрана за да ги заштити луѓето