Меѓународна конференција „Корисникот и библиотеката - минато и иднина“
Меѓународна конференција „Корисникот и библиотеката - минато и иднина“ денеска и утре ќе се одржи во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје.
Организатори на конференцијата се Библиотекарското здружение на Македонија, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и Македонските е-библиотеки.
Најавено е конференцијата да ја отвори заменик-министерот за култура Владимир Лазовски, а ќе се обратат и Сенка Наумовска, директорка на НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје и Благој Николов, претседател на Библиотекарското здружение на Македонија.
Учесниците на конференцијата ќе зборуваат за повеќе теми, како истражувања и нови трендови во библиотеките, современи библиотечно-информациски услуги, потенцијални корисници, библиотечните технологии и навиките на корисниците.
Ново на Сител
-
Утре нова размена на речиси 500 воени заробеници меѓу Русија и Украина
-
Изгоре автомобил во струмичкото село Банско
-
Ангелов очекува по локалните избори да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС
-
На Табановце се чека до половина час, а на Дојран и Богородица до 15 минути
-
До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците
-
Најмалку 17 лица загинаа по израелски напад во Газа
-
РТС поднесе крвична пријава поради блокада на нивни објекти
-
Во американските воздушни напади на пристаништето во Јемен загинале 74 лица