Бизнис
7. October 2015 - 9:22

Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна

Од денеска до петок во Охрид ќе се одржува 2. Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна на кој е најавено учество на истражувачи и експерти од Македонија и странство.

На симпозиумот се очекува да се разменат идеи и искуства за разни теми од областа на земјоделството и производството на храна и да се зајакне соработката меѓу академскиот кадар, бизнис секторот и надлежните институции.