Македонија
28. October 2025 - 16:30

Меѓинароден форум за енергетика

Да се намали употребата на јаглен и полека да се исфрли од употреба. Електрична енергија да се произведува само од обвновливите извори. На  тој начин ќе имате стабилен и одржлив енергетски систем. Оваа порака ни ја испратија од УНДП и Евроспката енергсетска заедница, на денешниот форум за енергетика.

Речиси 60% од произведената електрична енергија во Македонија се добива од термоцентралите, кои работат на јаглен. Во првичната енергетскта стратегија беше предвидено Рек Битола  и РЕК Осломеј да се затворат до 2025 та, но потоа рокот се пролонгоира до 2030та година. Реформите мора да се спроведат, затоа што зависноста од еден извор или снабдувач преставува ризик. Потребни се одржливи и сигурни енерегетски решенија, порача министерката за енергетика Божиновска.

-Енергетската отпорност денес значи способност системот да издржи, да се прилагоди и да продолжи да функционира дури и во услови на глобална неизвесности геополитички потреси“, потенцираше Божиновска.

Премиорот Мицкоски вели дека енергетикаат е високо поставена на  агендата, како национален приоритет и државнта стартегија. Затоа цврсто стојат зад реформите кои претстојат.

-Енергетската транзиција изгледаше недостижна, скапа, бавна. Но, ние ја правиме возможна.Секој соларен панел, секоја ветерница, секоја нова електрана што работи на чиста енергија – тоа е дел од нашата современа борба за независност.Светот денес се менува со забрзано темпо.Она што порано значеше сигурен снабдувач, денес значи флексибилен систем, отпорен пазар и чисти извори на енергија.Енергетската стабилност не е веќе само економско, туку и безбедносно прашање, изјави премериот Мицксоки.

Иднината е во одржливата енергија, порачаа учесниците на форумот. Затоа треба да се забрза процесот кон зелената транзија и декарбонизација.,. како да се постигне тоа и како да се обезбедат финансии, ќе се дебатира следните 3 дена на меѓународниот форум.