Медицинска сестра од штипскиот Центар за лица со попреченост позитивна на Ковид-19
Во наредните 14 дена се затвора Центарот за лица со интелектуална и физичка попреченост во штипската населба Ново Село. Позитивна на вирусот е медицинската сестра, резултатот од тестот е пристигнат синоќа и епидемиолозите веќе ја имаат направено и анкетата, а изолирани се и децата кои го посетуваат овој центар.
Директорката на Центарот за социјални работи, Златка Иванова вели дека изолирани се седум корисници на центарот и четворица вработени. Работено е со визири, ракавици и маски, а поради блискиот контакт поради хигена или хранење на корисниците, висок е ризикот за пренесување на вирусот. Инспекциската контрола на 6 октомври покажала дека работат согласно протоколите.
– Како институција ги имаме преземено сите протоколи, за прием и грижа на лицата во центарот. Во центарот имаме лица на различна возраст. Родителите ќе бидат информирани, како понатаму да постапуваат, инаку ќе бидат ослободени од работните обврски со цел да се грижат за своите деца. Вирусот сметаме дека е пристигнат од надвор, вели Иванова.
Центрите за лица со интелектуална или физичка попреченост се отворени пред шест дена, ова е прв случај на појава на вирусот меѓу вработени во овие центри. Во наредните 14 дена штипскиот центар ќе остане затворен и ќе се следи состојбата на децата со посебни потреби, бидејќи нивната здравствена состојба е сензитивна. Во овој објект во штипската населба Ново Село, со посебен влез и излез беа сместени и децата од градинката „Вера Циривири-Трена“, каде што пред неколку дена беше регистриран позитивен случај, кај вработена, по што во изолација заминаа нејзината колешка и вкупно 12 деца.
Ново на Сител
-
Во Неготино поставени телескопи преку кои се набљудува затемнувањето на Месечината
-
Сообраќајка на патот Штип - Плачковица, сообраќајот во прекин
-
Лихтенштајн совладан убедливо со 5:0 за враќање на прво место во групата
-
Трамп подготвен за нови санкции против Русија
-
Приведен 18-годишен скопјанец кој се заканувал со пиштол пред угостителски објект
-
Пожарот над скопски Раштак ставен под контрола, нема опасност по објектите
-
Пронајдена дрога во дом на скопјанец, овозможил и друго лице да користи кокаин
-
Кај малолетник од Скопје пронајдени пиштол и куршуми